Skip to main content

Алфите и Специјалците во акција на пазарот во Шутка

Фалсификати на големите светски текстилни марки запленети на отворениот пазар во популарната Шутка.

 |  Маја Савиќ  | 
alfi
алфи
akcija shutkaФалсификати на големите светски текстилни марки запленети на отворениот пазар во популарната Шутка.

Акцијата е на барање на Владиното координативно тело за заштита на авторски права и индустриска сопственост, а со асистенција на МВР.

На пазарот се запленети големи количини на производи, текстил, но и техничка роба.

Трговците на црно на пазарот ја дочекале акцијата со негодување и вербални навреди упатени кон инспекцијата.

– Акцијата во Шуто Оризари е прва и нема никаква тенденција. Редовно имаме акции насекаде низ Македонија каде што има фалсификувана брендирана роба – изјави претседателот на владиното координативно тело Мите Костов.

Очевидци велат дека присуството на Специјалната единица на МВР, како и на Алфите било предимензионирано, а тоа го потврдува и фотографијата.
{loadposition content9}