Skip to main content

Аман за ефтината струја!

Граѓанската иницијатива „Аман“ денеска ќе ги предаде во Собранието предлог-измените на Законот за енергетика, за кои во изминативе недели собираа потписи за поддршка од граѓаните.

logo
лого

Граѓанската иницијатива „Аман“ денеска ќе ги предаде во Собранието предлог-измените на Законот за енергетика, за кои во изминативе недели собираа потписи за поддршка од граѓаните.

protestiПретставниците на „Аман“ планираат да одржат протестен марш, кој ќе започне во 14 часот пред Спомен-куќата на Мајка Тереза и ќе заврши пред Собранието, по што ќе ја предадат иницијативата потпишана од 13.000 граѓани. Од „Аман“ посочуваат дека ова е само прва иницијатива и дека доколку бидат прифатени предлог-измените, со кои се бара враќање на дневната евтина тарифа на струјата, како и да прекине со важност одредбата со која исклучените од парно греење мора да плаќаат трошоци, тогаш ќе продолжат преку институциите да бараат спроведување и на другите шест барања што ги имаа во почетокот на протестите.

Но доколку нивните барања не бидат прифатени, ќе се бара друг начин за нивно исполнување, што би можело да се одвива и преку улични демонстрации, но и преку други легални можности за изразување на граѓанските потреби.

{loadposition content9}