Амбасадорот Димитров не е веќе преговарач за името
Амбасадорот Никола Димитров не е веќе претставник на Македонија во разговорите за надминување на разликите за името, што со Грција се водат под покровителство на Обединетите Нации.
Никола Димитров

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ова го соопшти синоќа во парламентарната расправа за резолуцијата за името.
Црвенковски образложи дека одлуката за престанок на мандатот на амбасадорот, ја донел за да се надминат разликите што постојат меѓу него и премиерот Никола Груевски, во приодот кон прашањето за името, што исто така се злоупотребува и од страна на Грција.
Претседателот рече дека се согласува главен македонски преговарач да биде владиниот претставник во разговорите за името, Мартин Протугер.

{loadposition content9}