Американските сенатори Војнович и Шахин во Скопје на средба со премиерот Груевски
Во Република Македонија денеска престојуваат американските сенатори Џорџ Војнович и Џин Шахин.
| Маја Савиќ | Македонија
Влада на РМ
Во Република Македонија денеска престојуваат американските сенатори Џорџ Војнович и Џин Шахин. Тие попладне во Владата ќе се сретнат со премиерот Никола Груевски.
Републиканскиот сенатор од Охајо Џорџ Војнович е добар познавач на состојбите на Блаканот и силен поддржувач на евроатлантските аспирации на земјите од регионот.
Џин Шахин, демократската сенаторка од Њу Хемпшир, пак, е член на Комитетот за надворешни односи и на Поткомитетот за европски прашања на Конгресот, и поранешен директор на Харвардскиот институт за политикa.
{loadposition content9}