Skip to main content

Американскиот заменик државен секретар во посета на Македонија

Заменик државниот секретар на САД Џејмс Штајнберг денеска ќе престојува во посета на Македонија, прва по неговото назначување на функцијата во јануари годинава.

James Steinberg
Џејмс Штајнберг
Заменик државниот секретар на САД Џејмс Штајнберг денеска ќе престојува во посета на Македонија, прва по неговото назначување на функцијата во јануари годинава.

James SteinbergЗа време на посетата, како што соопшти Американската амбасада во Скопје, Штајнберг придружуван од амбасадорот Филип Рикер, ќе се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов, со премиерот Никола Груевски, како и со претставници на политичките партии.

– На средбите ќе се разговара за состојбите на домашната и меѓународната политичка сцена, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу САД и Македонија, регионалната стабилност и процесот на интегрирање на Македонија во евроатлантските структури, најави Американската амбасада.


{loadposition content9}