Skip to main content

амсм

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови

Од АМСМ информираат за состојбата на патиштата во Македонија.
 |  инфодеск  | 
landscape photo of asphalt road while raining

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд, велат од Авто Мото Сојуз на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се додава во соопштението.