Затворена владина седница

АНБ за 20 дена ќе има нов директор

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека за 20 дена, Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ќе добие нов директор на местото на досегашниот Виктор Димовски, кој треба да биде амбасадор на земјава во Париз.
 |  инфодеск  | 
Димитар Ковачевски

За 20 дена Агенцијата за национална безбедност ќе има нов директор, кој ќе дојде на местото на досегашниот Виктор Димовски.

Премиерот сепак, не сподели повеќе детали од вчерашната затворена владина седница на која АНБ реферираше за случајот со Онишченко, со образложение дека тоа е спротивно на законот, ниту дали евентуално ќе има некаква одговорност за Димовски.

Одговарајќи на прашање на новинарите дали Димовски ќе понесе некаква одговорност во врска со државјанството на Олександр Онишченко, Ковачевски рече дека не може сподели детали од затворената владина седница.

Она што е познато од седницата е дека е иницирана постапка за поништување на државјанството – рече Ковачевски, додавајќи дека дополнителни информации од затворена седница на влада не може да се споделуваат бидејќи тоа е строго и тешко казниво дело со казна затвор од една до пет години.

Сѐ она што ќе треба да биде споделено во делот на истрагата во АНБ и тоа што ќе следи согласно со процедурите и законите што се однесуваат на АНБ. Во однос на раководењето со АНБ за 20 дена ќе има нов директор на АНБ – посочи премиерот Ковачевски.

Запрашан кој е лажниот документ што го доставил Онишченко за добивање државјанство, како и дали документите ќе бидат проверувани и за други случаи за доделување државјанство, премиерот повтори дека не смее да изнесува детали од затворена седница.

Извор/Независен.мк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top