Skip to main content

Антонио Милошоски во работна посета на кралството Холандија

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во петок ќе престојува во работна посета на Кралството Холандија.

Antonio Miloshoski
Антонио Милошоски
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во петок ќе престојува во работна посета на Кралството Холандија.

АмстердамСпоред официјалното соопштение, Милошоски ќе се сретне со неговиот холандски колега, Максим Ферхаген, со кого ќе разговараат за интензивирање и јакнење на меѓусебните односи, како и збогатување на соработката во сите полиња од заемен интерес.

Шефот на македонската дипломатија ќе информира за политичките приоритети на Македонија, како и за реформите на внатрешно политички и економски план.





{loadposition content9}