Со 12.000 денари месечно и без храна, итна помош за семејство кое живее во распадната куќа
Семејство од Свети Николе се соочува со тешка животна драма и упатува апел за итна помош до хуманите граѓани и институции.
Имено, тие живеат од социјална помош во износ од 12.000 денари месечно, што, како што велат, не е доволно ниту за најосновните потреби. Во моментов, веќе 20 дена немаат доволно храна и се наоѓаат во исклучително тешка состојба.
-Живеееме во распадната куќа и немаме услови за нормален живот. Двајцата сме болни и немаме средства за лекување, раскажува семејството. Едниот член од семејството се бори со сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи шеќер, висок крвен притисок, срцеви проблеми и психички проблеми. Мајката, пак, има проблеми со тромбоза и исто така се соочува со психички потешкотии.
Поради тешката здравствена и финансиска состојба, тие апелираат до сите кои се во можност да помогнат, со храна, лекови или било каква финансиска помош.
Апел до сите хумани граѓани дека солидарноста и човечноста се најпотребни токму во вакви моменти.









