Skip to main content

апел за помош

Апел за помош за 16-годишната Ана Радеска

Потребна е итна операција на мозокот во Бамберг, Германија, која чини 37.000 евра. Да ѝ помогнеме на Ана!
 |  инфодеск  | 

 На 16-годишната Ана Радеска, ученичка во СУГС „Орце Николов“, ѝ е потребна помош од сите хумани луѓе, за да може да ја победи ретката болест Arnold-Chiari malformation. Потребна е итна операција на мозокот во Бамберг, Германија, која чини 37.000 евра.

Семејството не е во можност да ги обезбеди овие средства, па апелираат до сите хумани луѓе, кои се во можност да помогнат.

Сите оние кои се во можност може да донираат на телефонските броеви 143 115 (А1) и 143 479 (Телеком), или на трансакциска сметка: Стопанска банка, Александра Радеска 200001580828877 IBAN: 100001580828877 , SWIFT: STOBMK 2X .