АППТ: Заздравува секторот туризам
Одлични резултати за македонскиот туризам, според најновите статистики на Светската туристичка организација (UNWTO), РС Македонија за 2021 година забележала раст на меѓународни туристички пристигнувања од 139%. Сега сме петти во светот по раст на туристи за 2021 година.
Со ова земјава е на петто место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи, меѓу кои и Црна Гора, Кипар, Малдивите и Босна и Херцеговина.
Очекувањата и оваа година се оптимистички, целта е 2,5 милиони ноќевања со зголемен број на странски туристи за 20% до 30%. Заздравувањето на секторот туризам се одвива полека но сигурно, со фокус и акцент на одржливите форми на туризам.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Др. Љупчо Јаневски смета дека воспоставувањето на авионска линија Белград- Охрид е многу значајно во текот на сезоната, од мај до октомври, а исто толку значајна е авионската линија Софија- Скопје која ќе почне да функционира од 27 март.
Тој ги повика сите туристички работници заеднички да работиме до целта од 2,5 милиони ноќевања и повеќе од 400 милиони долари во македонската економија од туристичко угостителскиот сектор.