Skip to main content

Аптекарски станици

Проектот Аптекарска станица во населено место во рурална средина е дизајниран да обезбеди континуирана примарна здравствена заштита за осигурениците.

 |   | 

Проектот Аптекарска станица во населено место во рурална средина е дизајниран да обезбеди континуирана примарна здравствена заштита за осигурениците.

Аптекарските станици се отвораат согласно потребите утврдени во мрежата на здравствени установи на Министерството за здравство, бројот на жителите во населените места, оддалеченоста и достапноста на населените места.

сашо стефаноскиЗа таа цел со измената на Законот за лекови и медицински помагала е предвидeно здравствената установа – аптека, што има две или повеќе организациони единици-аптеки, во состав на подрачјето на иста општина, задолжително на секои две организациони единици-аптеки во нејзин состав да отвори и организациона единица–аптека или аптекарска станица во населено место во рурална средина. Со цел да се мотивираат аптеките да отвораат аптекарски станици, со Законот за лекови се овозможи истите да немаат комплетен фармацевтски тим, односно да можат да работат само со фармацевтски техничар.

ФЗОМ годишно издвојува значителна сума од скоро 2,5 милијарди денари за лекови за граѓаните во земјава. Тие соодветно се распределени на околу 750 аптеки и уште 46 аптекарски станици во земјава со што сакаме да овозможиме, граѓаните да заштедат и пари и време за набавка на неопходните лекови. Воедно со тоа овозможуваме и отворање на нови работни места.  

Со аптекарските станици директно ќе бидат опфатени повеќе од 90 илјади граѓани кои живеат во руралните средини каде е сместена аптекарската станица, како и огромен број граѓани кои живеат во соседните населени места.

{loadposition content9}