Одбележување
АРМ слави 30 години
Настанот ќе се одржи на воениот стадион во Градски парк, во среда со почеток од 18:30 часот, а најавена е и музичка програма.
| инфодеск | Македонија
Македонската армија на 18-ти август одбележува 30-годишен јубилеј. Одбележувањето ќе започне во среда, а во АРМ ве покануваат да ја погледнете воената опрема и да уживате во музика.
По повод одбележување на триесет годишниот јубилеј ве покануваме заедно да ја проследиме презентацијата на воена опрема, вештините кои ќе ги прикажат нашите волци, обученоста на службените кучиња и многу музика! Ве повикуваме на отворениот ден по повод одбележување на Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“ – велат од АРМ.
Настанот ќе се одржи на воениот стадион во Градски парк, во среда со почеток од 18:30 часот. Најавена е и музичка програма.