АРМ на штабна вежба на НАТО во Мадрид
Делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски денеска во командата на копнените сили на НАТО во Мадрид ќе присуствува на Денот за високи гости во рамките на штабната вежба на Алијансата „Цврста Греда – 09”.
Главен носител и организатор на вежбата е повисоката Команда на здружените сили на НАТО во Неапол, во која активно се вклучени сите нејзини потчинети команди: на копнените сили во Мадрид, на военото воздухопловство во Измир, воената морнарица, специјалните сили, силите за брза реакција и други.
ГШ на АРМ информира дека станува збор за една од најголемите штабни вежби на Алијансата, а целта е да се провери новиот концепт на НАТО за брзо распоредување на силите со сценарио за делување во региони со висок ризик за мирот, постконфликтни и кризни состојби, како и соочување со задачи за зачувување на мирот и целосна поддршка на хуманитарни акции од страна на силите на НАТО.
Вежбата претставува и можност да се согледаат вистинските капацитети на Алијансата за брза реакција во различни региони, но и за проверка на можностите за ефективно делување со партнерите во специфични ситуации определини во посебна временска рамка.
На „Цврста Греда – 09” и претходеше релативно обемен подготвителен и планирачки процес, при што АРМ учествува со тројца штабни офицери во делот на планирањето и односите со јавноста во Командата на здружените сили на НАТО во Неапол.
На Денот за високи гости во Мадрид поканети се началниците на генералштабовите на армиите-членки на НАТО и на Партнерството за мир, на кои домаќин ќе им биде адмиралот Марк Фицџералд, командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол.
{loadposition content9}