Skip to main content

Артан Груби ќе остане без професорската титула на Тетовскиот универзитет

Тетовскиот универзитет ја започнал законската постапка за разрешување на Артан Груби, кој работеше 13 години како доцент на Правниот факултет, отсек новинарство
 |  инфодеск  | 

Тетовскиот универзитет ја започнал законската постапка за разрешување на Артан Груби, кој работеше 13 години како доцент на Правниот факултет, отсек новинарство. Причината за постапката за отказ е неговото отсуство, не се појавил на работа откако заминал од Македонија, па се распиша потерница по него. Осомничен е за сторени злоупотреби.

Според Сафет Емрули – декан на Правниот факултет, Груби, поради вршењето јавна функција до август 2024 кога се вратил на работа, го ставил во прекин работното место на Универзитетот, но неколкудневното отсуство без да даде објаснување значи преземање мерки против него.

-Со непојавувањето на работа, Груби не ги почитува обврските од Законот за работни односи и законот за високо образование, посочуваат од Универзитетот.