Августовска инфлација од 3,8 отсто
Цените на мало во август годинава, во споредба со истиот месец лани, бележат раст од 3,8 отсто, а трошоците за живот бележат раст од 3,6 отсто, објави државната статистика.
Во август, во однос на јули годинава, цените на мало останале непроменети, а трошоците на животот се намалени за 0,1 процент.
Намалувањето на трошоците на животот од 0,1 процент е резултат на пониските индекси на овошјето за 14,6 отсто, зеленчукот за 3,3 отсто и свежото и киселото млеко за 0,2 отсто.
Во август годинава намалување на трошоците на живот е забележано и кај ПТТ услугите за 3,7 отсто, туристичките аранжмани за 3,2 отсто, превозот на патници за 2,1 отсто, обувките за 1,2 отсто и станбените услуги за 0,8 отсто.
Раст на трошоците на живот во август, во спредба со јули годинава статистиката евидентира и кај мастите за 5,5 отсто, јајцата за 1,7 отсто, рибата за 1,5 отсто, преработките од месо за 0,8 отсто, преработеното овошје и месото за 0,2 отсто.
Исто така, раст на трошоците на живот има и кај нафтените деривати за 4,1 отсто, централното греење за 2,9 отсто, средствата за образование за 2,2 отсто, сообраќајните средства за еден отсто, средствата за хигиена за 0,6 отсто, облеката и електричните апарати за домаќинството за 0,2 отсто.
{loadposition content9}