Skip to main content

Австралискиот премиер слабо се правда за навредата кон Македонците

Одговорот од кабинетот на премиерот на Јужна Австралија, Мајк Ран, дека неговите критики биле насочени кон актуелниот претседател на Македонија е незадоволителен.

 |  Маја Савиќ  | 
Majkal Ran
Мајкл Ран
Majkal RanОдговорот од кабинетот на премиерот на Јужна Австралија, Мајк Ран, дека неговите критики биле насочени кон актуелниот претседател на Македонија е незадоволителен

Ова е најновата реакција од страна на Австралиско – македонскиот комитет за човекови права(АМКЧП)  откако кабинетот на премиерот Ран вчера реагираше на поднесеното барање за истрага до Австралискиот комитет за човекови права по неговиот анти-македонски говор на грчки собир во Австралија.

Од АКМЧП сметаат дека настапот на премиерот Ран бил навредлив, не само за македонскиот претседател, туку и за сите Македонци.

Вчера, АКМЧП покрена истрага пред Австралискиот Комитет за човекови права поради настапот на Ран, во кој Македонија ја обвини за крадење на историја од страна на Грција.

На ова, од кабинетот на Ран синоќа одговорија дека неговите критики „биле во согласност со ставовите на Европската Унија и Обединетите Нации“.
{loadposition content9}