Австрија ја стави Македонија на листата ковид безбедни земји
Австриското Министерство за здравство денеска соопшти дека 11 нови држави се вклучени на листата безбедни земји поврзани со пандемија на Ковид-19, со што се овозможува полесно патување на нивните граѓани во Австрија.

Новата уредба на Министерството за здравство на Австрија стапува во сила утре (24 јуни), а граѓаните на Македонија, Албанија и Србија ќе можат да патуваат во оваа европска земја.
Покрај балкански држави, на листата безбедни земји се додадени и САД, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам. Граѓаните на тие земји ќе можат да влезат во Австрија со потврда за вакцинација или негативен тест, или лекарско уверение дека прележале Ковид-19.