Skip to main content

Австриски грант за енергетска ефикасност

Македонија и Австрија денеска ќе потпишат договор за неповратен грант во висина од 1.6 милиони евра, за креирање средина за воведување енергетска ефикасност во градежниот сектор.

gradba
градба

Македонија и Австрија денеска ќе потпишат договор за неповратен грант во висина од 1.6 милиони евра, за креирање средина за воведување енергетска ефикасност во градежниот сектор.

gradbaЦелта на грантот е реализација на Програмата за енергетска ефикасност на градежните објекти, во периодот од август 2009 – септември 2012 година.

Во делот од грантот со финансиски средства од 110 илјади евра ќе учествува и Државниот секретаријат за економски работи (SECO) на Швајцарската конфедерација.

За да се овозможи реализацијата на оваа програма, македонското Министерство за економија ќе учествува и со сопствено финансиско учество во вкупен износ од 115 илјади евра за време на целокупната реализација на програмата.




{loadposition content9}