Skip to main content

Автомобили, не!

Денешен 22-ри септември е по традиција „Ден без автомобили“ во цела Европа.

 |  Маја Савиќ  | 
car free day
car free day

Денешен 22 септември е по традиција „Ден без автомобили“ во цела Европа. Сите граѓани на ЕУ се повикани да ги остават автомобилите и барем на овој ден да се движат со велосипед, или со средствата на јавниот сообраќај.
Во Скопје, „Ден без автомобили“ беше одбележан со велосипедски карван.
car free day
Велосипедската парада која стартуваше пред фонтаната во Градски парк, се движеше по булеварот „Илинденска“, улиците „Даме Груев“, „Македонија“ и „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, а заврши пред ЕУ Инфо центарот.

Карванот го предводеше евроамбасадорот Ерван Фуере кој по пристигнувањето пред ЕУ Инфо центарот изјави дека денеска е прекрасен ден за граѓаните на Скопје, затоа што, како што рече, главниот град се приклучил на оваа светска иницијатива, односно на повеќе од 2.000 градови низ светот каде се одбележува овој ден.

Манифестацијата, што во меѓувреме стана традиционална, ја иницира т.н. „Сојуз за климата“, во кој членуваат околу 1.500 општини од цела Европа, како и повеќе невладини организации. Првиот „Ден без автомобили“ беше организиран во 2000 година. Оттогаш, секоја година градските власти ширум Европа, на 22 септември организираат затворање на повеќе улици во централното градско подрачје, но и на други сообраќајници, така што пешаците и велосипедистите можат по нив непречено да се движат.

{loadposition content9}