Skip to main content

Бадник

Верниците во Македонија и во дел од другиот православен свет денеска го слават Бадник, предвесникот на Христовото раѓање – Божиќ.

sveki
свеки
Верниците во Македонија и во дел од другиот православен свет денеска го слават Бадник, предвесникот на Христовото раѓање – Божиќ.

Традиционално, и оваа година централната прослава е пред Соборниот храм “Свети Климент Охридски” во Скопје, со пеење на Бадниковата химна, подигање на Бадниковото знаме и осветување на бадниковите гранчиња – според верувањето, симболот на среќата и радоста.

Православните верници во Македонија, како и оние во Србија, Црна Гора, Русија и Украина, Бадник го слават според Јулијанскиот календар, односно на 6 јануари, ден пред Божиќ – раѓањето на Господ Бог Исус Христос, еден од најрадосните и најголемите христијански празници.

За него се врзани многу обичаи, кои траат неколку недели околу Божиќ и го означуваат најсвечениот период од годината.

Според древните верувања и обичаи, Божиќ се смета за весел, фамилијарен празник. На тој ден не се оди на гости, бидејќи Христовото раѓање се прославува во сопствената куќа. Христијаните традиционално веруваат, дека на овој ден сите оние кои биле скарани би требало да се смират и да си ги простат гревовите.

obicaiПред денот на христовото раѓање претходи 40-дневен пост, а на самиот ден трпезата е богата и масна. Во домовите на православните верници за Бадник се меси погача со паричка, која се крши на околу делови колку што има домашни.

На Божиќ, Христијаните си го честитаат празникот со зборовите „Христос се роди”, на кои се возвраќа со поздравот “Вистина се роди”. Божиќ се слави три дена.

Осмиот ден по Христовото раѓање, по стариот календар се одбележува почетокот на новата година.

За Христијаните, Божиќ е голем празник, но се смета дека Велигден е позначаен, бидејќи тогаш се слави победата на животот над смртта.

 

 

{loadposition content9}