Skip to main content

Го бакнувал грчкото знаме, го навлекол гневот на дијаспората

Македонецот-градоначалник на општината Рокдејл во Сиднеј, Бил Саравиновски, ја изреволтирал македонската заедница во Австралија затоа што го бакнал грчкото знаме на фестивал што го организирала грчката заедница и на кој присуствувале околу 5.000 луѓе.

 |  Маја Савиќ  | 
Saravinovski
Саравиновски
SaravinovskiМакедонецот-градоначалник на општината Рокдејл во Сиднеј, Бил Саравиновски, ја изреволтирал македонската заедница во Австралија затоа што го бакнал грчкото знаме на фестивал што го организирала грчката заедница и на кој присуствувале околу 5.000 луѓе.

На одбележувањето на годишнината од Маратонската битка во Сиднеј, Саравински го пречекал познатиот грчки маратонец, 71-годишниот Аристотел Какогеоргиу, кој трчал во чест на војникот Фидипид, познат по тоа што ја носел веста за победата на Грците над Персијците во 490 година пр. н.е.

Како што пренесува весникот „Лидер“, грчкиот маратонец му ги предал клучевите од градот на градоначалникот Саравински, кој во тој момент го бакнал грчкото знаме. Масло на огнот меѓу Саравиновски и Македонците во Австралија долеала и изјавата на Кристин Ставропулос, организаторка на фестивалот, која изјавила дека тоа бил најубавиот момент на прославата на годишнината во чест на Маратонската битка.

– Најубавиот момент беше кога Аристотел трчаше кон стадионот пеејќи античка грчка песна и Бил трчаше кон него, бакнувајќи го грчкото знаме – изјавила Ставропулос.

Саравиновски, битолчанец, кој од четиригодишна возраст живее во Сиднеј, во 1995 година станал прв Македонец-градоначалник во Австралија. Тој пред неколку години во Сиднеј се сретнал и со поранешниот грчки премиер Костас Караманлис, а во изјава за „Вест“ се пофали дека на поздравување му рекол дека двајцата се Македонци.

„Во нашата општина дојде премиерот Караманлис. Поздравувајќи се со него му реков: ‘Јас сум Македонец и ти си Македонец’, бидејќи е од Солун. Тој, дипломатски, ништо не ми одговори, а на новинарите и на снимателите им се тресеа рацете, плашејќи се од неговата реакција“, изјави Саравиновски.     

{loadposition content9}