Skip to main content

Банкарска асоцијација

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни, дефектот не е од македонска страна

Граѓаните не можат да подигнат пари од банкомат ниту да платат со VISA и MasterCard.
 |  инфодеск  | 
bankomat

Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија, се вели во соопштението од македонската банкарска асоцијација.

Од таму потенцираат дека како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

„Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација. Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите,“ велат од банкарската асоцијација на Македонија.