Skip to main content

BBC на македонски-рест ин пис

Македонската редакција на Светскиот сервис на Би-Би-Си, денеска за последен пат емитува од Лондон вести на македонски јазик.

 |  Маја Савиќ  | 
bbc
bbc

bbcМакедонската редакција на Светскиот сервис на Би-Би-Си, денеска за последен пат емитува од Лондон вести на македонски јазик, откако на крајот од јануари годинава Управата на оваа британска медијска јавна компанија одлучи да ја укине секцијата на македонски, како и програмите на српски и албански јазик, објаснувајќи го тоа со потрбата од штедење, јави дописникот на МИА од Лондон.

Емисијата вести во 17,30 часот по британско време, што овојпат ќе трае половина час ќе го означи крајот на секцијата која во Би-Би-Си постоеше нешто повеќе од 15 години. Уште околу еден месец, потоа, ќе се пренесуваат информации на македонски јазик на Интернет страницата на секцијата, до нејзиното трајно згаснување.

Секциите на српски и на албански јазик, уште од пред две недели престанаа со емитувањето своите емисии вести. Македонската редакција почна со емитувањето на програмата во јануари 1996 година

{loadposition content9}