Skip to main content

Сеноќно бдеење во Бигорски

Големиот христијански празник, Христовото рождество – Божик, ќе се одбележи со бдеење во древното светилиште „Свети Јован Бигорски“.

 |  Маја Савиќ  | 
Sv Jovan Bigorski
СВ Јован Бигорски

Големиот христијански празник, Христовото рождество – Божик, ќе се одбележи со бдеење во древното светилиште „Свети Јован Бигорски“. Манастирскиот храм „Св. Јован Крстител“, како дел од традицијата, веќе е подготвен како пештерата во Витлеем во која се родил Христос.
Sv Jovan Bigorski
„Сеноќното бдение во чест на Христовото раѓање е дел од богослужбената традиција на Бигорскиот манастир. Верниците со нетрпение го очекуваат овој настан“, вели архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир. Тој соопшти дека капацитетот на манастирот е исполнет. За повеќе од 600 гости ќе биде подготвена скромна трпеза.

{loadposition content9}