зоо скопје
Бебе гибонче е новиот член на скопската зоолошка градина
Радосна вест од зоолошката градина во Скопје: семејството на белораките гибони збогатено со уште едно младенче.
| инфодеск | Македонија

-Пролетта донесе нова радост во скопската зоолошка градина – семејството на белораките гибони е збогатено со уште едно младенче, соопштија од ЗОО Скопје.
Белоракиот гибон е екстремно загрозен вид со потекло од Индонезија, а бременоста кај овој вид примати трае 6 месеци и се раѓа по едно мало. Гибончето останува врзано со мајката најмалку две години, а зрелост достигнува на 8 години.
Во светот се помалку се раѓаат единки од овој вид, а во Скопје ЗОО ова е трето бебе во последните 6 години, велат од зоолошката градина и додаваат дека напредокот на гибончето е под постојан надзор од зоонегувателите.