Skip to main content

Електрична енергија

Бектеши: Најголем дел институции штедат струја

Намалена е потрошувачката на електрична енергија од страна на институциите во државава во однос на месец Септември минатата година покажува Анализата на ЕСМ. За оние институции кои не ги испочитувале задолженијата за штедење, Владата дополнително ќе одлучува. Производители на основни прехрамбени производи од 1 декември со фиксна цена за електрична енергија, најави министерот за економија Крешник Бектеши.
 |  инфодеск  | 
Бектеши

Институциите минатиов месец потрошиле помалку струја споредено со септември минатата година покажала Анализата на ЕСМ за заштеда на електрична енергија. Општините во Македонија во просек заштедиле 29 проценти од потрошувачката во однос на лани, од 81 општина,56 направиле заштеда поголема од 15 проценти, а 25 не ја постигнале маргината, кажа Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Најмногу отстапуваат општините Арачиново, Гостивар и Свети Николе. Компаниите во државна сопственост успеале да заштедат во просек до 8 проценти. Некои субјекти имале зголемена потрошувачка на електрична енергија како Претпријатието за водостопанство, кое во септември бележи над 50 проценти поголема потрошувачка. Од клучните државни институции единсвено административната зграда на Министерството за Локална самоуправа има зголемено ниво на потрошена струја споредбено со истиот период лани.

За потрошувачката на електрична енергија од министерствата со сите подрачни единици, Владата, Судовите и Собранието како и кабинетот на Претседателот на државата, вклучувајки ги и ЕЛЕМ и МЕПСО напаравена е вкупна заштеда од 20 проценти.“, вели Крешник Бектеши.

Владата дополнително ќе го каже ставот за одговорноста што ја имаат институциите кои не ја постигнале утврдената маргина на заштеда на елктрична енергија, истакна Министерот Бектеши.Во однос на инфлацијата и предупредувања за влез во рецесија министерот најавува конкретни мерки.

Сите производители на основни прехрамбени производи од 1 декември ќе имаат фиксна цена за електрична енергија, се со цел импутот на електрична енергија да се намали во делот на прозиводството на финалните производи во овој случај на основните прехрамбени производи, се работи за околу 150 компании во нашата држава, главно производители на млечни производи, производители на млеко, леб.“, потенцира Бакетеши.

Вкупно 111 институции во државава немаат потпишано договор за снабдување со електрична енергија и се снабдуваат со краен снабдувач со многу повисока цена, најголем број од нив се основни и средни училишта, одредени министерства и здравствени установи посочи Министерот Бектеши.