Бектеши: Струјата нема да поскапи
Граѓаните нема да плаќаат поскапа струја, уверува министерот за економија, Крешник Бектеши.
Бектеши вели дека во текот на јуни ќе се разговара за нов модел за струјата кога ќе биде решено и дали ДДВ-то за струјата ќе се врати на 18 %. Тој уверува дека и ДДВ-то да се врати на 18 %, тоа нема да ги зголеми сметките на граѓаните, туку со новиот модел може и да ги намали.
„Со Министерството за финансии и заедно со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и другите членови на енергетскиот совет во Владата во текот на јуни ќе разговараме за новиот модел. Јас од денес можам да им кажам на граѓаните дека тие нема да плаќаат поскапа струја. Кој ќе биде моделот, тоа сите заеднички ќе го дефинираме во склоп на енергетскиот совет. Граѓаните нема да плаќаат поголема цена на струјата од постојната за наредните шест месеци, значи од 1 јули, па до крајот на годината“, кажа денеска министерот Бектеши.