Skip to main content

Кога одморот не е тежок

Белград домаќин на Меѓународен саем за туризам

Посетителите на саемот, може да очекуваат голем број популарни светски дестинации со се поразновидна туристичка понуда, автентични сместувачки капацитети прилагодени на современите туристи.
 |  инфодеск  | 
Саем Белград

Меѓународниот саем за туризам, 44-ти по ред и 18-ти Меѓународен саем за хотелска и угостителска опрема, ќе се одржат од 23 до 26 февруари на Саемот во Белград. Годинешниот слоган е „Кога одморот не е тежок“, а оваа година земја партнер на Саемот е Кина.

На саемот е предвидена средба со претставници од Кина во координација со Стопанската комора на Србија, а ќе учествуваат и најзначајните туристички агенции, здруженија, организации, хотели, туристички центри, транспортни компании и меѓународни тур-оператори. Годинава првпат ќе бидат претставени Алжир, Бурунди, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Габон, Екваторијална Гвинеја и Намибија.

Оваа година ќе бидат претставени и популарни дестинации како Турција, Грција, Црна Гора, Тунис, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Македонија, како и минатогодишните учесници, Малдиви и Сао Томе и Принципе.

Србија ќе ги претстави своите туристички средства во хала 4 на Белградскиот саем преку настапите на Туристичката организација на Србија (ТОС), Туристичката организација на Белград (ТОБ) и бројни локални и регионални туристички организации од сите делови на Србија.

Посетителите на саемот, може да очекуваат голем број популарни светски дестинации со се поразновидна туристичка понуда, автентични сместувачки капацитети прилагодени на современите туристи.