Skip to main content

Бензините поевтинуваат за 0,5, а дизелот поскапува за 1,5 денари

Бензините од денес поевтинуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното поскапуваат за 1,5 денари, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

 |  Маја Савиќ  | 
benzini
бензини
Бензините од денес поевтинуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното поскапуваат за 1,5 денари, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 74,50, а на Еуросупер БС-98 октани 76 денари од литар.

Еуродизелот (Д-Е V) ќе чини 65,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 54,50 денари за литар.

За 1,462 денари поскапува мазутот М-1 и ќе се продава за  37,070 денари за килограм.

{loadposition content9}