Бензините поевтини за еден денар, дизелот поскап за 1,5 денари
Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар, додека на дизелот и екстралесното се зголемува за 1,5 денар, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
| | Македонија
бензини

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 73,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 изнесува 75,00 денари за литар.
Еуродизелот од ноќеска ќе се продава по 66,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 57,50 денари за литар.
Истовремено поскапува и мазутот за 1,279 денари по килограм, со што новата цена ќе изнесува 42,443 ден/кг.
Кај референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот период било забележано намалување кај бензинот во просек за 2,18 отсто или за 22,425 долари/тон, а кај дизелот зголемување во просек за 3,73 отсто или 34,225 долари/тон и кај мазутот зголемување во просек за 4,17 отсто или за 26,325 долари/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

{loadposition content9}