Бензините поевтинeа за два, а дизелот за денар по литар
Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика, следејќи го трендот на движење на нафтата на светските берзи, како и курсот на денарот во однос на доларот изминативе две недели.
| | Македонија
бензин
Горивата, овој пат, поевтинуваат! Бензините за два, а дизелот за денар. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика, следејќи го трендот на движење на нафтата на светските берзи, како и курсот на денарот во однос на доларот изминативе две недели.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 79 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (D-E V) се намалува за денар и чини 69,5 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 0,50 денари и се продава за 58,5 денари по литар. Со одлуката на РКЕ за 0,334 денари по килограм поевтинува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС која сега изнесува 41,292 денари за килограм.
Пресметките се направени кога цената на суровата нафта на светските берзи во просек изнесуваше околу 114 долари за барел. Изминативе денови пак, забележителен е благ пад на нафтата на берзите, кој според аналитичарите, се очекува да продолжи.
{loadposition content9}