Skip to main content

Бензините поевтинуваат за пет денари

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
 |  инфодеск  | 
Горива

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 5,00 денар по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 91,00 денар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава за 93,00 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува 0,50 денари и еден литар ќе чини 110,00 денари.

Мазутот М-1 НС, пак, поскапува за 0,694 денари и еден килограм ќе се продава за 54,273 денари.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ.