Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Бензините поскапуваат за 2,5 денари

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 2,5 денари за литар, а на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цената на бензините за 2,5 денари/литар. Цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.

Од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 94,5 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96,5 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.

Дизелот и натаму ќе чини 86 денари/литар, а екстра лесното масло за домаќинство 84 денари/литар.

Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,216%, кај дизелот за 0,650%, кај екстра лесното масло за 1,312% и кај мазутот зголемувањето е за 3,708%.