Skip to main content

Министерство за здравство

Обезбеден бесплатен скрининг за 2.000 пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување

Со скринингот ќе бидат опфатени 19 градови меѓу кои и Охрид и Струга.
 |  инфодеск  | 
a blue and red jellyfish

Две илјади пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување ќе добијат бесплатен скрининг, кажа денеска министерот за здравство Илир Демири на Светскиот ден на бубрегот.

Скринингот ќе ги опфати следните градови: Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Железара, Визбегово, Делчево, Гевгелија, Штип, Кочани, Струмица, Куманово и Крива Паланка. Граѓаните кои се во ризик за развој на хронично бубрежно заболување, ќе бидат контактирани од страна на здравствените установи и повикани на бесплатен преглед.

Проектот ‘Скрининг на популација во ризик од хронична бубрежна болест’ Министерството за здравство ќе го спроведува заедно со дијализните провајдери ‘Диаверум’ и ‘Нефроплус’.

Скринингот отпочнува овој месец, ќе трае четири месеци.