За безбедна хирургија, работа според протокол
Протокол за безбедна хирургија првпат се воведува во сите хируршки одделенија во јавните и во приватните здравствени установи во земјава во согласност со искуствата и практиките на СЗО.
Протокол за безбедна хирургија првпат се воведува во сите хируршки одделенија во јавните и во приватните здравствени установи во земјава во согласност со искуствата и практиките на СЗО.
Протоколот е објавен во Службен весник и неговата примена е задолжителна за сите хируршки одделенија. Целта е воведување национални стандарди за безбедна хирургија, што значително ќе придонесе за минимизирање на ризикот за компликации и несакани настани што може да се превенираат при вршење хируршки интервенции.
Ова вчера на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров по средбата со членовите на советодавниот комитет: проф. д-р Миодраг Врчаковски, проф. д-р Борче Георгиевски, проф. д-р Никола Јанкуловски, академик д-р Живко Попов, проф. д-р Kочо Чакаларовски, проф. д-р Kатица Зафировска и проф. д-р Сашко Kедев.
Тој посочи дека станува збор за особено важна мерка која произлегла како резултат на заедничката повеќемесечна работа на членовите на Kомитетот.
Деканот на Медицинскиот факултет Никола Јанкуловски изрази надеж дека како и во светот така и во Македонија ќе се намали драстично бројот на несакани компликации кои прават зголемување на процентот на смртност кај оперираните пациенти.
{loadposition content9}