Ќе биде ли Пендаровски претседателски кандидат на СДСМ?
ИО на опозицискиот СДСМ на попладневната седница закажана во 17 часот, ќе го предложи Стево Пендаровски за свој единствен кандидат на претстојните претседателски избори, потврдија за Дојче веле партиски извори.
ИО на опозицискиот СДСМ на попладневната седница закажана во 17 часот, ќе го предложи Стево Пендаровски за свој единствен кандидат на претстојните претседателски избори, потврдија за Дојче веле партиски извори.
За номинацијата на универзитетскиот професор Пендаровски се очекува во вторник прво да се изјасни Централниот одбор, а потоа и партискиот конгрес, чиј почеток е закажан во 19 часот. Според извори во партијата, нема дилема дека номинацијата ќе биде потврдена, бидејќи за Пендаровски имало најмногу предлози од општинските организации на опозицискиот СДСМ, водел во внатрепартиските анкети, а за него се изјасниле и најголем процент од анкетираните граѓани.
Пендаровски, кој уште пред распишувањето на претседателските избори се спомнуваше како еден од најсериозните кандидати за номинација во претседателската трка, не е член на СДСМ. Како надворешен, непартиски член е претседател на партискиот Совет на СДСМ за безбедност и интеграции. Пендаровски денес е професор на Универзитетот „Американ колеџ“. Претходно беше советник за национална безбедност на двајца поранешни претседатели – Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.
{loadposition content9}