Билјана Стефаноска нов директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот
Денеска во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Билјана Стефаноска ја презеде функцијата в.д. директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од нејзината претходничка в.д. директорката м-р Јасмина Лескаровска, обврзувајќи се на посветена работа, одговорност, отчетност и транспарентност.
Досегашната в.д. директорка м-р Јасмина Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што следува, и истовремено и посака успешна работа и продолжување на активностите во насока на развој на одржливиот туризам, како и унапредување и развој на севкупната туристичка понуда.
Лескаровска искажала голема благодарност за успешната соработка со македонскиот туристички сектор, Стопанската комора на Република Северна Македонија и Швајцарските програми ИМЕ И СИППО, и се надева на продолжување на активностите од значење за туризмот во земјава.