Билт: Време е да се реши спорот со името
Треба да се увиди дека постои можност што нема да биде присутна мошне долго време, вели шведскиот шеф на дипломатијата за можноста за решавање на грчко-македонскиот спор за името.
Карл Билт

Министерот Карл Билт, чија земја претседава со ЕУ во изјава за Гласот на Америка на македонски вели дека има добри изгледи за започнување на ново раздобје во преговорите.
„Се надевам дека ќе има обновување на разговорите за прашањето за името. Треба да се види дека постои момент на можност, што нема да биде мошне долго време. Сега е време да се најде решение за проблемот. Сите знаат дека треба да има компромис. Компромисите не се неопходно најпопуларната работа на Балканот, но тоа е начинот на кој ја придвижуваме Европа напред“, вели Билт.
„Треба да има притисок на обете страни. Притисокот нема да дојде однадвор, ќе дојде од самите земји. Треба да дојде до решавање на овој проблем. Сите знаат дека треба да се реши, поскоро или подоцна. Тогаш, зошто подоцна, кога може да се реши поскоро? Потребна е извесна доза на политичко лидерство, во Атина и во Скопје, но мислам дека сите знаат приближно како ова ќе заврши, па тогаш, зошто да се чека, зошто да не се стори сега“, вели шведскиот министер.

{loadposition content9}