Економија
Битиќи: Корекција на платите на функционерите во корист на антикризни мерки
Вицепремиерот посочи дека со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки од околу 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.
| инфодеск | Македонија
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „24 Анализа“ ТВ 24 најави дека на денешната седница на Влада ќе биде предложена корекција на Законот за плати на избрани и именувани лица, со која дел од средствата ќе се пренаменат за антикризни мерки за најранливите категории граѓани.
Битиќи појасна дека ваквата одлука доаѓа по минатонеделната одлука на Владата за задолжување на четворица министри за нови антикризни мерки.
Вицепремиерот посочи дека со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки од околу 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.
Во наредниве денови ќе биде откриен новиот пакет мерки, најави Битиќи.