Skip to main content

Блесна духовниот дом на Тоше Проески, манастирот Св. Преображение

Со симболично пуштање на светилките околу манастирот Св. Преображение над Крушево официјално е означен крајот на работите за осветлување на светиот храм, кој значеше духовно светилиште за македонската поп-икона Тоше Проески.

 |  Маја Савиќ  | 
Manastir Sv Preobrazenie Gospodovo
Манастир Св Преображение Господово
Со симболично пуштање на светилките околу манастирот Св. Преображение над Крушево официјално е означен крајот на работите за осветлување на светиот храм, кој значеше духовно светилиште за македонската поп-икона Тоше Проески.

Manastir Sv Preobrazenie Gospodovo

Премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на одбележувањето на електрификацијата на светилиштето истакна дека манастирот е персонификација на еден голем човек.

– Ова е едно од оние места кои не поврзуваат со Тоше. Неговите зборови вечно ќе одекнуваат одовде. Манастирот, осветувањето и патот ги чуствуваме како должност кон Тоше. Денешниот ден има голема сомболика. Манастирот ја доби својата светлина, а светлината е симбол на животот и на вечноста, рече Груевски, додавајќи дека манастирот е вечен спомен за неговиот дух.

Според него, манастирот и музејот ќе бидат места на кои луѓето ќе доаѓаат и ќе се сеќаваат на поп ѕвездата, потсетувајќи дека привршува изградбата на музејот за Тоше Проески

– Се додека спомените се живи, Тоше живее со нас, нагласи Груевски.

Toshe Proeski

Брзото и ефектно завршување на работите, за претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Гинтер Офнер значи дека се придржуваме и го почитуваме делото на Тоше.

– Со ова дело сакаме да покажеме колку го цениме делото на Тоше Проески, а за тоа ќе сведочат бројните посетители на неговото духовно светилиште, рече Офнер.

Претседателот на фондацијата „Тоше Проески“, Андреј Николоски упати благодарност до сите што помогнаа да се оствари уште еден сон на македонската поп икона.

– Да беше Тоше вечерва со нас, не ќе имаше посреќен човек од него. Овде, тој ја црпеше целата своја духовна енергија. Тоше на сите им даруваше сега другите даруваат за него, рече Николоски, потсетувајќи дека сите донации се добредојдени.

Во манастирот Св. Преображение останува да се доизгради покривната конструкција, да се изработи фрескоживописот, а потоа ќе продолжат и работите на крстот на месноста Вршник.

{loadposition content9}