Skip to main content

Божем не гладуваме доволно

Утре почнува штрајк со глад за неменување на името Македонија.

 |  Маја Савиќ  | 
strajk
штрајк со глад
strajk“Ги повикуваме сите граѓани на Македонија, сите Македонци, овде во Македонија и ширум светот, да ни се придружат во овој наш штрајк со глад, по своја волја, со единствена цел – неменливост на нашето име Македонија“, повика Ѓорѓи Филев, претседател на новоформираното здружение за неменливост на името Македонија.

Утре во 18 часот, во просториите на библиотеката “Браќа Миладинови“, во Скопје, здужението организира штрајк со глад. Може да се вклучат сите граѓани, без разлика на пол, вера и нација, со наполнети 18 години.

Целата на штрајкот, како што рече биоенергетичарот Филев е да не се смени името, но, не е упатено кон политичарите, ниту кон нашиот сосед Грција, која го оспорува името на земјава, туку кон позитивната енергија на сите луѓе кои ја имаат во себе.

Тој кажа дека на оној кој ќе дозволи промена на вековното име на земјава, ќе му се “сотре генот“.

“Секој човек, кога ќе си појде дома, без разлика што работи, дали новинар, овчар, пчелар, да се откаже од вечерата и да ја посвети онаа чиста енергија на човек кон една цел, да не се смени името“, вели Филев.
Здружението на граѓани за неменување на името Македонија, ќе презема, иницира, организира, реализира низа активности, меѓу кои и организирање штрајк со глад на една и единствена цел, неменување на името.
strajk

{loadposition content9}