Skip to main content

Брачен пар од Македонија три дена задржан на бриселскиот аеродром

Двајца сопружници, македонски државјани од албанска етничка припадност веќе три дена се наоѓаат во транзитната зона на Бриселскиот аеродром бидејќи белгиските власти не им дозволуваат влез во земјата .

 |  Маја Савиќ  | 
terminal
Терминал на аеродром Брисел
terminalДвајца сопружници, македонски државјани од албанска етничка припадност веќе три дена се наоѓаат во транзитната зона на Бриселскиот аеродром бидејќи белгиските власти не им дозволуваат влез во земјата затоа што располагаат со 52 евра помалку од дозволената сума на пари што им ја бара граничната полиција, пишуваат денеска белгиските весници.

Брачниот пар Илјази допатувал во Брисел на 3 ноември во посета на синот кој подолго време живее во белгискиот главен град, но не им е дозволено да влезат во Белгија бидејќи имаат по 1.000 евра, а според правилата на на граничната служба мораат да располагаат со по 38 евра дневно, или вкупно со 2.052 евра.

Нивниот правен застапник Дрита Душај оцени дека „нема никаков превен основ“ барањето на Службата за странци со кое за влез во Белгија е неопходно да се има по 38 евра дневно по лице.

Проблем за граничната служба, како што пишуваат белгиските весници, претставувал и фактот што брачниот пар немал авионски билети во двата правца, што според зборовите на Душај не е регулирано со некаква правна норма.
{loadposition content9}