Платинест јубилеј на кралицата елизабета втора

Британската амбасада со иницијатива Засади дрво за јубилејот

Локалните бизнис компании кои ја поддржаа оваа иницијатива донираа повеќе од половина милион денари за процесот на пошумување.
 |  инфодеск  | 
Засади дрво за јубилејот
????????????????????????????????????

На почетокот на оваа година, Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ за да се одбележи 70-от Платинест јубилеј на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора.

Беа поканети сите, од поединци, градови, училишта и компании да дадат свој придонес во збогатувањето на животната средина со засадување на дрво и Британската амбасада во Скопје ја започна иницијативата за засадување на дрва во Северна Македонија.

Засадивме повеќе од 70 дрва во дворот на Кабинетот на Претседателот, во дворовите на училишта, градинки и општини – велат од Британската амбасада.

Засади дрво за јубилејот
????????????????????????????????????

Британската амбасада во Скопје заедно со Јавното претпријатие Национални шуми и бизнис заедницата ќе помогнат во засадувањето на 13 000 садници за пошумување на 5 хектари земјиште со внимателно одбрани видови на автохтони дрва од овој регион. Локалните бизнис компании кои ја поддржаа оваа иницијатива донираа повеќе од половина милион денари за процесот на пошумување.

Бизнис заедницата има клучна улога во справувањето со предизвиците што ги носат климатските промени. Ми претставува задоволство да им се придружувам на претставниците од ЈП „Национални шуми“, како и на бизнис заедницата од Северна Македонија во Велес, да го помогнеме пошумувањето на оние подрачја во Северна Македонија каде е најмногу потребно. Шумите имаат клучно значење за ограничување на глобалното затоплување на 1.5 степени и прилагодување на климатските влијанија. Би сакал да се заблагодарам на Алкалоид, Kuehne Nagel, Шпаркасе Банка, НЛБ Банка, Универзал груп, Британската детска академија, Квенбергер Логистик и Дени Интернационал за нивната поддршка на иницијативата и за нивниот придонес – изјави амбасадорот Метју Лосон.

Засади дрво за јубилејот
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top