Skip to main content

Бучковски – Пресудата е скандалозна!

Три и пол години затвор заработи поранешниот министер за одбрана и поранешен премиер Владо Бучковски, поради злоупотреба на службената положба.

Vlado Buckovski
Владо Бучковски
Три и пол години затвор заработи поранешниот министер за одбрана и поранешен премиер Владо Бучковски, поради злоупотреба на службената положба.

Иста затворска казна заработи и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски.

Другите тројца во случајот со набавка на резервни делови за армиските тенкови, Ацо Ѓурчевски, Нелко Менкиновски и Митре Петковски добија по три години затвор.

„Одлуката најблаго речено е скандалозна. Ние правната битка ја добивме во судницата… Во изминатите 13 месеци во целост докажавме дека јас и другите обвинети сме невини. Но очигледно, коректноста на судијата беше скршена во последните неколку денови“, изјави Владо Бучковски.

Vlado BuckovskiТој изрази жалење што државата пропуштила добра шанса да покаже дека судството е независно.

„Оваа судска одлука докажа дека пресудите се носат надвор од судот“, изјави Бучковски по објавувањето на пресудите.

И поранешниот началник на Генералштабот Методи Стамболиски рече дека пресудата е донесена надвор од судот.

„Ова е само уште еден доказ колку судот е независен и колку политиката влијае врз него. Однапред се знаеше дека оваа одлука ќе биде ваква, меѓутоа се надевам дека постојат други истанци на кои ќе докажеме кој бил, а кој не бил во право“, рече Стамболиски.

 

 

{loadposition content9}