Будното око на OSCE на претстојните локални избори
Канцeларијата за демократски институции и човекови права, ОДИХР, на ОБСЕ од денеска и формално ја почнува набљудувачката мисија на локалните избори во Македонија коишто треба да се одржат на 24 март. Според најавите, ОБСЕ ќе има 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи.

Според информациите, набљудувачката мисија за локалните избори во Македонија ќе функционира независно од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Инаку, претходно претставникот на ОБСЕ во земјава, Ралф Брет, во интервју за Радио Слободна Европа порача политичките фактори да покажат зрелост, да мислат на долгорочните ефекти од нивните одлуки, а да не мислат толку на краткорочните добивки, затоа што она што може да го добијат на кратки патеки, рече тој, може да биде пораз за целата држава на долг рок.
{loadposition content9}