Skip to main content

царинска управа

Откриени 166 нелегални поштенски пратки: Кривична пријава за фирма што незаконски вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица
 |  инфодеск  | 

Царинските инспектори од Одделението за истраги, во заедничка и координирана акција со МВР, Управата за јавни приходи, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа претрес во компанија за која било утврдено дека незаконски извршувала меѓународни поштенски услуги и се занимавала со криумчарење стока. При контролата биле откриени 166 поштенски пратки исполнети со различни производи, чија вкупна вредност изнесува приближно 240.000 денари. Целокупната пронајдена стока е одземена, а против едно правно и едно физичко лице е поднесена кривична пријава за прикривање криумчарена стока и царинска измама.

Инаку, фирмата нудела меѓународни поштенски услуги без потребната дозвола, при што пратките ги внесувала во државата со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај надлежните царински органи. Потоа истите биле нелегално чувани во магацин во сопственост на фирмата, со цел понатамошна дистрибуција до крајните корисници, за што се наплатувал надомест.

-Царинската управа и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со цел откривање и спречување на сите облици на криумчарење и незаконско работење, заштита на државните финансиски интереси и обезбедување услови за фер конкуренција, се вели во соопштението од Управата.