Skip to main content

Цената на бензинот се зголемува за половина, дизелот се намалува за денар

Малопродажната цена на Еуросупер БС – 95 на полноќ се зголемува за 0,5 денари, додека цената на Еуросупер БС – 98 останува непроменета, цената Еуродизел и Екстра лесното масло се намалува за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

 |  Маја Савиќ  | 
benzin
бензин
benzinМалопродажната цена на Еуросупер БС – 95 на полноќ се зголемува за 0,5 денари, додека цената на Еуросупер БС – 98 останува непроменета, цената Еуродизел и Екстра лесното масло се намалува за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика

Според новата одлука на Комисијата, Еуросупер БС-95 ќе продолжи да се продава по цена од 68,00 денари, а цената на Еуродизелот останува 56,50 денари.
Бензинот од 98 октани останува на исто ниво од 69,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 45,50 денари за литар.
Мазутот поевтинува за помалку од еден денар и ќе се продава за 30,745 денари за килограм.
Од регулаторната комисија информираат дека новите цени се резултат на повисоката цена на суровата нафта во последните две недели како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.


{loadposition content9}