Цените на горивата во Македонија од полноќ се зголемуваат, во светот цената на нафтата на најниско ниво во последните три месеци

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10% во однос на одлуката од 8.6.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 2,178%, кај дизелот за 4,441%, кај екстра лесното масло за 5,099% и кај мазутот намалувањето е за 3,635%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5395%.
РКЕ во оваа пресметка ги вкалкулира референтните износи на акцизите за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), со оглед на истекот на Одлуката за изменување на Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период и начинот на пресметка на акцизата.
Од 16.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,50 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 86,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 46,223 (денари/килограм)
- Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит.
- Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Инаку, цената на северноморската нафта брент падна за околу 4–5 проценти и се спушти на околу 83–84 долари за барел, додека американската WTI изгуби повеќе од 5 проценти. Според Ројтерс, ова е едно од најголемите дневни намалувања во последните месеци. Главната причина е што инвеститорите почнаа да го отстрануваат т.н. „геополитички премиум“ од цената на нафтата. Во претходните недели стравот од ескалација на конфликтот и можни прекини во снабдувањето ја туркаше цената нагоре. Со најавата за прекин на непријателствата и враќање на транспортот низ Ормускиот Теснец, пазарот процени дека ризикот од недостиг на нафта значително се намалува.




