Skip to main content

Цените на основните прехрамбени производи замрзнати до крај на февруари

Одлуката првично беше донесена со важност до 31 јануари, но по предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука за изменување на постојната одлука и продолжување на мерката.
 |  инфодеск  | 
цени

Основните прехранбени производи ќе се продаваат со ограничени цени до крајот на февруари.

Продолжениот рок се однесува на оризот, брашното, лебот и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи. Ограничувањето на цените се однесува и на минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалаци, а во определени пакувања и светлото пиво.

Одлуката првично беше донесена со важност до 31 јануари, но по предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука за изменување на постојната одлука за определување највисоки цени за одделни производи и продолжување на мерката.